Третирајте ја кожата со љубовта која ја заслужува! Кожата е неверојатна и имајќи предвид дека е најголемиот орган, грижата за неа е прилично важна. Сите знаеме дека постојат одредени работи кои се погрешни во нега на кожата, но сепак повремено сите ги правиме.
Еве што треба да избегнувате:
Премногу пилинг
Пилингот е извонреден за кожата. Ги отстранува мртвите клетки кои ги затнуваат порите и доведуваат до митесери и мозолчиња! Но, премногу пилинг може да ја оштети заштитната бариера на кожата, правејќи ја подложна на иритации и воспаленија.
За соодветна нега на кожата, користете пилинг со нежни, мали гранули, кои нема да бидат премногу абразивни за кожата. Доколку имате сува или чувствителна кожа, правете пилинг еднаш неделно, за нормална и комбинирана кожа, двапати неделно, а за мрсна и комбинирана кожа до три пати неделно. Пробајте го Just Mandelic Acid 10% за нормална и комбинирана кожа и Just Glycolic Acid 7%, за мрсна и комбинирана кожа. Го одржува хидробалансот, а поради АХА киселините придонесува за помазна текстура и сјај на кожата.
Секогаш правете пилинг откако темелно ќе ја исчистите кожата и користете млака вода, никогаш топла.

Стискање и допирање
Нашата кожа толку добро не заштитува, што понекогаш забораваме колку е кревка и колку треба да бидеме внимателни со неа. Колку повеќе ги притискате и допирате акните, толку повеќе воспаление создавате. Сите бактерии од врвовите на прстите навлегуваат во кожата, а со тоа е поголема веројатноста мозолчето да се врати.
Стискањето на акните е уште полошо и не треба никогаш да го правите! Кожата околу акните може да стане црвена и воспалена, што го прави мозолчето да изгледа поголемо. Со други зборови, само ќе ја влошите ситуацијата, мозолчето сè уште ќе биде таму и може само да расте.
Доколку имате проблеми со акни, посетете дерматолог и обидете се да бидете нежни во негување на вашата кожа!
Не ја заштитувате кожата
Веројатно веќе знаете дека треба да нанесувате крема за сончање секој ден, но дали знаете зошто? Сонцето е одговорно за 90% од стареењето на кожата – да, генетиката игра улога, но исто така и заштитата од сонцето! Штетните УВ зраци го уништуваат колагенот, кој пак придонесува за опуштеност и брчки. Исто така, го активираат и производство на меланин, при што се појавува хиперпигментација.

Заборавате на вратот и очите
Ако ги прочитавте нашите пет совети за нега на кожата, знаете точно како да се грижите за вашето лице. Но, она што често се занемарува е кремот за околу очи, како и дека рутината за лице го вклучува и вратот. На вратот секогаш се познаваат првите знаци на стареење, дури и ако вашето лице изгледа беспрекорно. Затоа, продолжете со рутина за нега на кожата до вратот, а тоа значи и двојно чистење и хидратација. Бидете нежни и масирајте со движења нагоре за да не ја влечете кожата надолу!
Кожата околу очите е најтенка и има потреба од многу хидратација и нега, не само за да се спречат фините линии, туку и за да се ослободиме од темните кругови и подуеноста. Тука прочитајте како најдобро да се грижите за делот околу очите.
Постојано користење на истите производи
Можеби сте го пронашле хидратантниот крем кој не би го менувале, но таа љубовна врска не може да трае вечно. Кожата ќе се прилагоди на активните состојки во тој производ и со текот на времето тие ќе станат помалку ефективни. Исто така, кожата постојано се менува, па она што функцонирало пред една или две години, можеби повеќе не ви одговара. Важно е да го знаете вашиот тип на кожа и да ги забележувате сите промени. Можат да ви влијаат многу фактори, како хормоните, околината, стресот и возраста.
Треба да размислите и за промена на рутината за нега на кожата, како што се менуваат годишните времиња. Во зима хидратацијата е од витално значење, додека во лето, ќе треба да ги замените потешките креми за нешто полесно и за крем со повисок SPF.
Сепак, да не ги заборавиме и оние вообичаени грешки во нега на кожата. Како на пример:
- Никогаш не легнувајте со шминка и темелно исчистете го лицето пред спиење!
- Редовно чистете ги четките и сунѓерчето за шминка!
- Спијте доволно – ноќе е кога вашата кожа се регенерира!
- Не заборавајте на хидратацијата – само погрижете се да го користите вистинскиот хидратантен крем за вашиот тип кожа!