Есента е на прагот! А тоа значи топли џемпери, чај, посвежо време и за жал, посува кожа. И како што правиме промена на нашата гардероба, така и кожата бара прилагодување и промена на рутината за нега на кожата во есен.
Секоја промена на сезоната значи и промена на козметиката што ја користиме, бидејќи се менуваат и потребите на нашата кожа. Во лето претпочитаме полесни текстури кои брзо се апсорбираат, но во постудените денови на кожата и е потребна повеќе хидратација, што значи побогати и похранливи креми.
Наша препорака: воведете серуми и витамин Ц, користете нежни чистачи за лице со смирувачки состојки, балсам за усни и крем за околу очи, и инвестирајте во погуста хидратантна крема за лице и тело – и никако, НИКОГАШ, не заборавајте на крем со SPF.
1. Не заборавајте на хидратацијата
Заменете ги лесните хидратантни креми со погусти и похранливи креми
Како што се менуваат сезоните, може да почувствувате поголема сувост на кожата, поради што е важно да ги замените лесните креми со погусти и похранливи креми кои ќе и овозможат повеќе влага на кожата. Состојки кои треба да ги барате во производите се глицерин, церамиди и хијалуронска киселина, кои ја обновуваат липидната бариера и ја хидрираат кожата. Не користете прегусти креми, прерано. Сепак оние „најтешките” креми, чувајте ги за зимските месеци.
Наша препорака е крема со церамиди, кои се главна липидна состојка што природно се создава во нашето тело, а се одговорни за здравата кожна бариера. Кога на кожата и недостасуваат церамиди, бариерата се оштетува, што резултира со сувост и иритација.
За дополнителна хидратација исто така, користете серум со хијалуронска киселина во комбинација со погуст хидратантен крем.
Исклучокот од ова правило е многу дехидрираната кожа која бара интензивна влажност во текот на целата година, како и мрсната или кожата склона кон акни за која најсоодветно е користење лесна хидратантна крема.
2. Користете балсам за усни и креми за околу очи
Во ладните, суви и ветровити есенски денови не заборавајте на негата на усните. Користете балсам со SPF фактор кој ќе ги хидрира вашите усни и ќе им ја даде потребна заштита од сонцето.
Не ја заборавајте ниту на нежната регија околу очите. Користете производи кои ќе допринесат за интензивна и длабинска хидратација која ќе спречи сувост, а со тоа и појава на фини линии.
3. Не користете пилинг толку често
Многу е лесно да се претера со ексфолијација, без разлика на годишното време. Иако активните состојки имаат многу придобивки за кожата, тие исто така можат да ја зголемат чувствителноста, иритацијата и црвенилото. Во текот на есенските месеци кога кожата веќе доживува многу промени, можеби е време да ја намалите употребата на хемиски пилинг и други силни активни состојки.
Наместо тоа, фокусирајте се на хидратација и заштита на кожата. Можете да продолжите да користите нежен пилинг 1-2 пати неделно.
4. Продолжете да користите крема со фактор
Само затоа што не сте на плажа, не значи дека треба да престанете да носите крем со заштитен фактор. Иако УВ зрачењето е поголемо во текот на летото, сепак е присутно во сите четири сезони. Треба да нанесувате производи со заштитен фактор во секое време. УВ зраците го забрзуваат и го зголемуваат ризикот од рак на кожата, а воедно го забрзуваат и стареењето.
Затоа, не заборавајте да нанесете крема со фактор наутро.

5. Додадете витамин Ц
Ако витаминот Ц сè уште не е дел од вашата рутина за нега на кожата, нема подобро време од тоа да го воведете во есенските месеци. Во текот на летните месеци, нашата кожа е изложена на штетните УВ зраци што може да резултира со хиперпигментација и предвремено стареење на кожата. Затоа, за да го задржите сјајот на кожата, додадете витамин Ц во дневната рутина. Витаминот Ц ќе помогне да се осветли и зајакне кожата, стимулирајќи го производството на колаген. Ќе го подобри природниот сјај на лицето, ќе ја задржи влагата и ќе ја заштити кожата од надворешните оштетувања.

6. Користете нежни чистачи за лице
Добриот чистач за лице треба да ги отстрани сите нечистоти и вишокот маснотии од кожата. За време на постудените месеци изберете нежни, едноставни чистачи, кои нема да ја иритираат вашата кожа, зголемувајќи ја подложноста на сувост и дехидрација. Избегнувајте состојки што предизвикуваат иритации, како што се парфемите и алкохолот и одберете производи што се погодни дури и за чувствителна кожа.
7. Внесете масло во вашата рутина
Промената на температура може да го наруши хидро-балансот на кожата. Воведувањето на масло за лице во вашата рутина ќe ja одржи кожата хидрирана и здрава. Скваланот, масло од јојоба, масло од шипинка, аргановото, како и маслото од марула, се одлични за кожата бидејќи ја подобруваат текстурата, нудат интензивна хидратација, делуваат смирувачки и го одржуваат нивото на влажноста на кожата.
8. Тело
Рутините за нега на кожата често се однесуваат само за лицето, но како што се грижиме за кожата на лицето, така треба да и пружиме љубов и на кожата на телото. Кога ќе заврши летото, кожата полесно се суши и иритира, бидејќи има многу помалку влага во воздухот за да помогне во хидратацијата.

Гелови за туширање
Во студените денови ве советуваме да користите нежни и хидратантни гелови за туширање. Важно е да најдете формули со навлажнувачки состојки како глицерин, шеа путер, зелен чај, хијалуронска киселина и ниацинамид. Така ќе го спречите дополнителното сушење на кожата и ќе го вратите нивото на хидратација.
Пилинг
Кога надвор е поладно, кожата често станува сува и добро е да користите нежен пилинг што ќе ги отстрани мртвите клетки оставајќи ја кожата мека и мазна. Пилинг за тело може да биде и исклучително оживувачки, да ја подобри циркулацијата, а и да делува на акните и хиперпигментацијата. Пилингот е одличен и за чувствителната кожа, а ќе помогне хидратантната крема полесно да се впие во кожата.
Лосион за тело
Хидратацијата на кожата е есенцијална за таа да биде здрава и негувана. Лосионите за тело овозможуваат да се задржи влажноста и да се заштити бариерата на кожата. Најдобро време за нанесување хидратантен крем за тело е токму кога ќе излезете од бања. Нанесете поголема количина лосион за тело. Ова ќе помогне да ја задржите водата во кожата.