Дехидрирана кожа – како да ја препознаете и негувате!

Кожата секогаш ви кажува како се чувствува. Затоа, ако ја чувствувате затегната, сува и како да и недостасува нејзиниот вообичаен сјај, додека брчките се некако поизразени, може да значи дека имате дехидрирана кожа. Нешто кое треба да го знаете е дека дехидрацијата е состојба на кожата, а не тип на кожа…

Како можете да знаете дека имате дехидрирана кожа? Како што напоменав, некои вообичаени знаци се чувство на затегнатост, сувост, црвенило, зголемена чувствителност, чешање, недостаток на еластичност, вдлабнати очи или темни кругови, уморна кожа и изразени фини линии и брчки.

Сите типови на кожа, како и мрсната кожа, може да бидат дехидрирани. Често сувоста е привремена и може да е предизвикана од начинот на живот, диети и несоодветни производи за нега. Добрата вест е дека ако и пружите ревитализирачка нега, ќе и ја вратите нејзината природна виталност. Само треба да знаете кои состојки треба да ги барате и како да ја третирате.

Дали е кожата сува или дехидрирана?

Дехидрираната кожа може да изгледа сува, но не е исто како и да имате сува кожа.

Многу често настанува збунетост околу што е сува, а што дехидрирана кожа, и разбирливо. Сувоста и дехидрацијата може да изгледаат, па дури и да ги чувствуваме слично, но се многу различни. Сувата кожа е тип на кожа и е резултат на помала активност на лојните жлезди во кожата, па поради недостатокот на себум изгледа сува, се лупи, а може да се појават и кожни проблеми како егзема, псоријаза и дерматитис.

За разлика од неа, дехидрираната кожа е состојба на кожата и се должи на недостаток на вода. Настанува од најразлични фактори и може да ја има секој тип на кожа. Значи можете да имате и масна, а воедно и дехидрирана кожа. Ќе изгледа и ќе се чувствува затегната, безживотна, без сјај и груба.

Што доведува до дехидрирана кожа?

Дехидрираната кожа е резултат на прекумерна загуба на вода. Она што го внесувате во вашето тело – или не – може да влијае на нивото на дехидрација на вашата кожа.

Надворешните фактори, вклучително и времето, нездравата исхрана и начинот на живот, како што се пушењето или консумирањето алкохол, дополнително придонесуваат за дехидратација.

Иако дехидрираната кожа може да биде предизвикана од различни фактори, најчесто е резултат на користење на погрешни производи за нега или производи со груби состојки кои ја нарушуваат бариерата или микробиомот на кожата. Во суштина, дехидрација е кога кожата ви покажува дека не ѝ се допаѓа она што и го правите.

Состојките како денатуриран алкохол (или SD алкохол), мириси (синтетички или природни) може да ја исушат површината на кожата и да остават чувство на дехидрираност. Исто така, го стимулираат производство на себум, така што кожата ќе биде помрсна, со запушени пори и склона кон акни.

Како да ја третирате дехидрираната кожа?

За разлика од сувата кожа, дехидрацијата се третира со промени во начин за живот како и во рутината за нега.

Ако имате дехидрирана кожа важно е да одберете рутина за нега на кожата која го надополнува нивото на влажност на кожата и ја одржува хидратацијата. Придржувајте се до поедноставна рутина која ќе вклучува чистење, тонирање, навлажнување и заштита. Одбирајте природни и нежни производи кои содржат хидратори и природни навлажнувачи како состојки.

Негувајте и заштитете ја бариерата на кожата.

Ако бариерата на кожата е оштетена, ќе резултира со прекумерна загуба на вода, што доведува до дехидрирана кожа, зголемена чувствителност и честа иритација. Користете производи полни со антиоксиданси, состојки кои ја надополнуваат хидратацијата, како што се церамидите, и состојки за обновување на кожата.

Правилното чистење е најважно

Практикувајте двојно чистење на кожата. Иако е малку чудно, зошто би го миеле лицето два пати ако кожата и онака ви е сува. Но, двојното чистење на лицето ќе ја отстрани секоја нечистотија и ќе ја припреми кожата за останатите производи кои само подобро ќе се апсорбираат и ќе ја хидрираат. Само, бидете внимателни при изборот на соодветниот чистач за лице. Изберете средства за чистење кои се без груби состојки, адитиви и вештачки мириси кои можат да ја оштетат бариерата на кожата, правејќи ве повеќе склони кон губење на влажноста и да ја влошат чувствителноста.

Намалете ја ексфолијацијата

Прекумерниот пилинг е многу честа причина за дехидрирана кожа. Затоа намалете со ексфолијација на еднаш неделно или целосно престанете со пилинзите ако кожата ви е премногу иритирана и сува.

Доколку сепак сакате да користите пилинг, одберете некои понежни состојки, како млечната киселина. Една од најхидратантните киселини, а поради големата молекуларна големина делува на поконтролиран и нежен начин.

Нега на тело

Не дехидрира само лицето, туку и нашето тело и раце исто така може да ја изгубат влагата. Не заборавајте на негата на телото и посегнете по лосион за тело кој ќе ја зајакне нејзината природна бариера и ќе пружи интензивна хиратација.

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img

Последни објави

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img

Слични содржини

- Реклама -spot_img