Сакате рутина за нега на кожата, но сте во дилема: Колку производи треба да користите? Кои производи се соодветни за вашата кожа? По кој редослед треба да ги применувате? Каков ефект ќе имаат на вашата кожа?
За да добиете максимален ефект од дневната рутина за нега на кожа, без разлика за каков тип на кожа станува збор, треба да започнете со четири едноставни чекори: чистење, потхранување, хидратација и заштита.
Чистење на лицето
Чистењето на лицето е најважниот чекор во секоја рутина за нега на кожата. Ги отстранува нечистотиите и вишокот маснотии и ги чисти порите. Затоа е неопходно темелно да го измиете лицето со млака вода и со нежен чистач, пред да нанесете други производи. Во ноќната рутина секогаш применувајте двојното чистење на лицето. Започнете со мицеларна вода или чистач на маслена база кој нежно ќе ја отстрани шминката и сите нечистотии. Двојното чистење го завршувате со пенлив или гел чистач, во зависност од типот на кожа. Доколку имате масна или кожа склона кон акни, тогаш изберете гел чистач за лице. Но, внимавајте при користење на премногу производи со активни состојки бидејќи можат да допринесат за сушење на кожата.
Одберете Revuele Micellar Water Soothing збогатена со биолин комплекс. Без алкохол и парабени.
За оние со сува кожа, одберете го Revuele Ceramide Hydrating Cleanser – Нежен чистач за лице збогатен со есенцијални церамиди. Ја хидрира кожата и не ја нарушува нејзината заштитна функција.
За оние со мрсна кожа, одберете го Buzz Face Cleansing Gel – Медов гел за чистење на лицето, кој формира богата пена која ги отстранува сите нечистотии.

Серум
Доколку на кожата и е потребна дополнителна хидратација или се соочувате со некои специфични проблеми како акни, хиперпигментација, брчки, итн, тогаш дефинитивно ви треба серум за лице како дел од рутината. Серумите се дизајнирани да ја прихранат, заштитат и хидрираат вашата кожа.
Содржат голема концентрација на активни состојки (како хијалуронска киселина, гликолна киселина и витамин Ц), a бидејќи се составени од помали молекули, длабоко навлегуваат во кожата и одлично таргетираат специфични проблеми. Серумите секогаш се нанесуваат на исчистено лице, а по нив треба да нанесете хидратантна крема која ќе ја задржи влагата во кожата.
Помислете на серумот како тајно оружје против уморна кожа, фини линии или акни, и како навлажнувач клучен за хидратација на кожата.
Прихранета и смирена кожа, свиленкаста на допир со прекрасен сјај и неверојатно чувство на комфор во текот на целиот ден со Revox Daily Routine Set.
Хидратантен крем
Хидратантната крема е последниот чекор во рутината за нега. На кожата и потребно да ја надополни водата што ја губи во текот на денот, но и заштита од надворешните фактори – загадувањето, УВ зраците, стресот. Кремите го постигнуваат токму тоа. Ја задржуваат водата во кожата и спречуваат сушење, го одржуваат хидробалансот и ја зајакнуваат заштитната бариера на кожата. Каков вид крем ќе изберете, сепак, во голема мера зависи од вашата кожа. Меѓутоа кај дневните креми барајте да се богати со антиоксиданси, навлажнувачи, киселини, витамини и церамиди.
Изберете го NovaClear Hydro Day Cream. Лесен, хидратантен дневен крем за лице со хијалуронска киселина, витамин Е и пантенол. Ја подобрува еластичноста на дехидрираната кожа и успешно се бори против првите знаци на стареење.

Крем за лице со заштитен фактор
Ако има еден чекор во рутината за нега на кожата што едноставно не смеете да го прескокнете, тоа е кремот за заштитен фактор. Не е само за деновите поминати во сончање на плажа или за оние топли, летни денови. Неопходно е да користите крем со заштитен фактор секој ден, дури и кога е облачно, бидејќи така ја заштитувате кожата од оштетувањата од сонцето што може да доведе до хиперпигментација, фини линии и брчки.
Наш предлог – Hada Labo Tokyo Sun Face Cream Light Hydrator. Лесен хидратантен крем за лице со висок фактор на заштита SPF 50.