Како да ја изберете правата нијанса на пудра?

Ко­га ста­ну­ва збор за шмин­ка­њето, нај­теш­ко е да се избе­ре со­од­вет­на­та ни­јан­са на пудра ко­ја иде­ал­но ќе од­го­ва­ра на на­ши­от тен. За разлика од кармините, сенките за очи и руменилата каде што можете да си поигруваме со виножитото од бои и да избереме што најмногу одговара на на­ши­от личен стил, кај пудрата треба да ја пронајдеме вистинската нијанса ако сакаме да добиеме совршен финиш.

При изборот на соодветна нијанса на пудра има неколку нешта што треба да ги имате на ум, како што се типот на кожа, нивото на покривност и финишот што најмногу ќе ви се допадне. Целта е да ја пронајдете онаа нијанса што изгледа како вашата кожа – само подобро.

Одбирањето на со­од­вет­на­ нијанса дефинитивно може да ви се чини заморно, па затоа издвоивме шест важни нешта што треба да ги знаете за следниот пат кога ќе купувате пудра.

Одредете го правиот подтон на кожата

Како да го пронајдете подтонот на вашата кожа

Откривањето на подтонот на вашата кожа игра огромна улога во изборот на соодветната нијанса на пудра. Подтоновите немаат никаква врска со бојата на кожата т.е. тенот. Бојата на вашата кожа се менува како што се менуваат годишните времиња, но подтонот секогаш ќе биде ист. Подтонот се однесува на бојата што се наоѓа под површината на кожата и ја дава севкупната нијанса на вашата кожа. Постојат три типа – топли (златна, жолта или праска боја), неутрални (нешто помеѓу ладните и топлите подтонови) и ладни (розови подтонови).

Како да откриете кој е вашиот? Го споделуваме трикот на шминкерката Шери Строх. Облечете бела маичка и застанете на природна светлина. Вашиот подтон ќе се појави како контраст на белата маица. „Ако забележите жолта боја на лицето, вашиот подтон е топол, а ако видите розева, вашиот подтон е ладен”.

Усогласувањето на пудрата со подтоновите значи дека ќе избегнете да изгледате премногу портокалово или бело. Доколку имате мешавина на подтонови по лицето и телото, секогаш изберете го подтонот на делот кој сакате да го покриете.

skin undertone chart табела за идентификување на подтонови
Табела која ќе ви помогне да ги идентификувате подтоновите на вашата кожа.

Одберете пудра според вашиот тип кожа

Без разлика дали имате мрсна, сува или комбинирана кожа – вашиот тип на кожа дефинитивно влијае на типот на пудра што ќе ја изберете.

Ако имате сува кожа одберете хидратантни пудри кои ќе ја одржуваат влажноста на кожата. Пудрите со сатенски финиш се одлични за комбинираните типови на кожа бидејќи додаваат сјај на сувите делови на вашето лице, без таа да изгледа мрсно. Доколку имате мрсна кожа, одберете пудра со матирачки ефекти и некомедогена.

Најдете ја совршената нијанса за вас

Најдобрата нијанса на пудра е онаа што се претопува со вашата кожа

Одберете и тестирајте неколку примероци од пудрата која мислите дека најдобро ви одговара. Тестирајте така што ќе нанесете пудра на основата на вилицата бидејќи кожата во овој дел го има природниот подтон на лицето. Лесно ќе можете да процените дали нијансата се совпаѓа и како истата ќе изгледа на вратот.

Запомнете дека најдобро е тестирањето да го правите на природна светлина. Ако сте во можност, оставете и време на пудрата да се исуши за да знаете како ќе ви изгледа во текот на денот. Бидејќи, некои пудри може да оксидираат кога се изложени на воздух и како резултат на тоа, по некое време да потемнат на вашата кожа.

Ниво на покривност

Знајте кое ниво на покривност ви е потребно

Не секој мејкап изглед бара пудра со целосна покривност. Важно е да знаете како да одберете пудра врз основа на нејзината покривност – лесна, средна и целосна.

Ако сакате само да го изедначите тонот на вашата кожа без да покриете сè, одберете пудра со лесна покривност. Овој изглед е најприроден и најблизок до изгледот на кожата. За целосно покривање на сите дамки, флеки или хиперпигментација, одлучете се за пудра со целосна покривност.

Адаптирајте ја пудрата на сезоната

Нема да можете да користите само една нијанса на пудра во текот на целата година. Во текот на летните месеци, сите сме за нијанса потемни од оној „нормален“ тен на кожата, а во зима бидејќи сме помалку изложени на сонце, сме малку побледи. Значи дека ќе треба да ја прилагодите нијансата на пудра за да не изгледате како да носите маска на лицето.

Виртуелни алатки за тестирање

Искористете ги предностите на виртуелните алатки за пробување

Напредокот во технологијата го направи возможно виртуелното одбирањето производи. Компаниите за убавина нудат сè повеќе дигитални решенија, како содржина генерирана од корисниците за да им помогне на потрошувачите да ја најдат својата најдобра нијанса. А алатките се лесни за користење. Само ја вклучувате камерата и тестирате различни нијанси. L’Oréal Paris, NARS Cosmetics, Ulta Beauty, Chanel, MAC и NYX Cosmetics, се само неколку од компаниите на чии веб страни можете да најдете вакви виртуелни алатки.

виртуелна алатка за тестирање нијанси на пудра и шминка
- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img

Последни објави

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img

Слични содржини

- Реклама -spot_img