Како до меки рацe и здрави нокти

Многу често во негата на кожа ни недостасува еден мал, но многу важен дел – рацете и ноктите.

Всушност, убавината е во малите детали – нежни и меки раце, убави и здрави нокти. Звучи многу едноставно, но е дефинитивно важно да создадете сопствена рутина за нега на раце! Споделуваме неколку корисни совети кои ќе помогнат вашите раце да изгледаат навистина одлично.

Зошто е важна негата на рацете?

И покрај тоа што е еден од најкористените делови на тело, негата на рацете најмногу се запоставува.

Честото миење, дезинфекција, и изложеноста на груби состојки и хемикалии можат да предизвикаат иритации и сувост. Исто така ладното време, сонцето, стресот, но и штетните навики како пушењето, влијаат на кожата.

Затоа, рутината за нега на раце треба да биде задолжителен дел од секојдневната нега на кожата.

Како да се грижите за вашите раце:

Чувајте ги чисти

Одржувањето на хигиената е основна навика. Постојано сме во контакт со работи на кои се наоѓаат бактерии. И да не заборавиме на неодамнешната пандемија што сите ја надминавме, така што не треба да потенцираме колку е важно редовно да ги миете рацете. Но, користете нежни сапуни за да избегнете сушење на кожата.

Редовно нанесувајте крем за раце

Редовната хидратација и овозможува на кожата да ја задржи мекоста и еластичноста.

За да имате меки раце, користите крем неколку пати во денот. Побарајте формули која содржат омекнувачки состојки, како глицерин, шеа путер и природни масла.

Користењето крем за раце после миење брзо ќе ја врати влажноста и ќе помогне против сувата, груба и оштетена кожа.

Наша препорака, крем за раце со екстракт од Centella. Ќе ја зајакне бариерата на кожата и ќе ја врати нејзината природна влажност и мекост.

Користете крем за сончање

Често занемарен дел од рутина за нега на раце е кремот за сончање. Но, кожата на рацете старее исто како и кожата на лицето. Затоа е добро да се избере крем со висок заштитен фактор, кој ќе ни помогне да ги спречиме знаците на стареење и хиперпигментација. Кога нанесувате крем за сончање, прво нанесете хидратантна крема, а потоа крем за сончање. Ако го поминувате целиот ден надвор, задолжително нанесувајте крем за сончање на секои 90 минути и откако ќе ги измиете рацете.

Anti-age рутина

Заштитете ги рацете од предвремено стареење

Кожата на рацете старее исто како и кожата на нашето лице. Затоа е добро да изберете крем кој ќе ги спречи знаците на стареење и појавата на пигментирани дамки. Најдобриот третман е крем со ретинол. Ретинолот помага да се стимулира производството на нови клетки на кожата и делува на избледување на темните дамки. Нанесете крем со ретинол пред спиење за да ги одржувате рацете меки и мазни.
Ретинолот е фотосензитивна состојки, затоа наутро задолжително нанесете крема за сончање на рацете.

Наша препорака, крем за раце и нокти со ретинол. Спречува сушење на кожата, ја намалува видливоста на дамките и ја подобрува состојбата на ноктите.

Изложеност

Заштитете ги рацете

Абразивните средства за чистење и водата можат да бидат најлошите непријатели на рацете и ноктите, и да предизвикаат иритација и кршливи нокти. Затоа, кога чистите или пак миете садови, носете гумени ракавици.

Во зима, кога излегувате, секогаш носете ракавици. Ниската температура често значи помалку влага во воздухот, што може да доведе до сувост и испукани раце.

Не заборавајте на ексфолијација

Пилингот е неопходен за рацете исто како и за остатокот од телото. Ја подобрува циркулацијата на крвта, ги отстранува мртвите клетки и ја подмладува кожата.

Секако пилингот не треба да биде дел од секојдневната рутина за нега на рацете бидејќи може да доведе до иритација на кожата. Препорачуваме да правите пилинг еднаш до двапати неделно, а потоа да нанесете крем за раце.

Неделно третирајте ги рацете со маска за раце

Дури и ако секојдневно ги хидрирате рацете, тие сепак не ја добиваат целосната влажност што им е потребна. Користете маска за раце еднаш неделно, за интензивна хидратација и меки раце.

Маски за раце можете да најдете во аптеките и продавниците за козметички производи за нега на кожа.

Исто така можете сами да си направите хидратантна маска за раце со авокадо. Измешајте ½ авокадо со 1 белка од јајце и нанесете ја на рацете. Оставете го да отстои на вашата кожа 20 минути, а потоа исплакнете.

Нокти

Не заборавајте на негата на ноктите!

Витамини

Често, кога нашето тело има недостаток од витамини, ноктите се првите што го сигнализираат тоа. Секако, советуваме секогаш да се консултирате со специјалист, особено ако имате други состојби.

Она што можете да го направите е да се погрижите да имате разноврсна исхрана, да внесувате повеќе свежо овошје и зеленчук, како и сирови јаткасти плодови. Ваквата исхрана е корисна не само за вашите нокти, туку и за кожата.

Маникир

Изгледот нема да е комплетен без убаво средени и негувани нокти! Без разлика дали ќе резервирате термин во салон за убавина или ќе си направите домашен маникир, обезбедете им ја на вашите нокти грижата која им е потребна.

Како да направите маникир дома:

Чистете ги ноктите со четка за нокти

Колку и редовно да ги миете рацете, факт е дека сепак малку нечистотија и бактерии остануваат под ноктите. Иако можеби не е секогаш можно, во зависност од тоа каде се наоѓате, добра практика е да користите четка за нокти со добар квалитет за чистење под ноктите и да отстраните сè што нема да исчезне само со миење на рацете. Нема некоја посебна техника, едноставно земете ја четката за нокти и тријте над и под ноктите.

Одржувајте ги вашите скратени и добро обликувани

Ќе ви биде полесно да ги одржувате ноктите чисти ако ги негувате правилно. За да спречите кршење или лупење на ноктите одржувајте ја должината што ви се допаѓа со редовно турпијање и потсекување.

Исто така, добра идеја е да ги туркате кутикулите за да ги одржувате уредни. Отстранувачите на кутикули ќе ја омекнат кожата, за потоа да можете лесно да ги потиснете назад со туркач за кутикули.

Лакирање на ноктите

Како подлога ставете безбоен лак кој ќе ги штити ноктите од листање и пукање. Лакот во боја може да се стави во два слоја, со што ја зголемувате неговата трајност, боја и сјај. Секој слој мора да биде сосема исушен пред нанесување на следниот.

Користете третмани со витамински комплекс за прихранување

Покрај кремата за раце и нокти, користете и некои поинтензивни третмани кои ќе ги зајакнат ноктите и ќе ги одржуваат вашите кутикули здрави. Третман со витамини А и Е ќе го подигне нивото на кератин, длабински ќе ги прихрани ноктите и ќе ги заштити од коренот до врвот.

Хидратација

Секогаш при рака имајте крем за раце, па штом почувствувате дека рацете ви се суви или им треба заштита, намачкајте ги со крема.

Ако сакате да имате меки раце и убав маникир – следете ги овие основни чекори. Понекогаш е полесно отколку што мислите.

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img

Последни објави

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img

Слични содржини

- Реклама -spot_img