Негата на коса е еднакво значајна како и негата на лице. Ако сакате здрава коса, треба да водите многу грижа за неа. Но, процесот на откривање на соодветната рутина може да биде долг, а зависи од повеќе фактори како моменталната состојба на косата, текстурата, густината. Најважно е да си дозволите време да ја запознаете вашата коса и да знаете што и треба. Кои состојки ја прават сјајна, ја зајкануваат, ја прават лесна за стилизирање и не ја сушат.
Важноста на протеините и влажноста
За здрава коса е потребна рамнотежа помеѓу влажноста и проитеините. Истражувањата покажуваат дека тоа се двата фактори кои играат значајна улога во здравјето и изгледот на косата. Околу 95% од нашата коса се состои од протеин наречен кератин кој е главна компонента во нашата коса и основен елемент што го одредува здравиот раст на косата, правејќи ја еластична и јака. Недостатокот на протеини ја ослабува косата и предизвикува кршење, оштетување и опаѓање.
Хумектантите или навлажнувачите пак, се состојки кои се способни да ја задржат и привлечат влагата во косата. Третманите со влага ја хидрираат и ја враќаат мекоста и мазноста на косата.
Затоа, при избор на продукти за нега на вашата коса не заборавајте на составот. Типот на производи кои ќе бидат дел од вашата рутина најмногу зависат од моменталната состојба на косата.
Сепак, секоја рутина има неколку основни компоненти
Чекор 1:
Третманот пред шампонирање додава дополнително прихранување на влакното, го зајакнува скалпот, ја задржува влагата во косата и ја прави посјајна и помека. Се користи 1-3 пати неделно на влажна коса, исушена со пешкир.
Чекор 2:
Не е препорачано да ја миете косата секој ден, особено ако имате густа или кадрава коса. Прекумерното миење ги отстранува природните масла и протеини од косата и скалпот, што предизвикува сувост. Поради тоа секогаш избирајте шампон формулиран за длабока хидратација и регенерација на испуканата, оштетена или обоена коса кој ќе го одржува оптималниот хидробаланс на скалпот и косата.
Чекор 3:
Регенераторот е задолжителен, без разлика на типот на коса. Ја штити косата од надворешните влијанија и од оштетувања од топлина. За здрава коса, користете интензивен регенератор кој ќе и овозможи длабинска хидратација и потхранување на косата и интензивно ќе ја поправи целокупната состојба на оштетената, како и на обоена коса.
Чекор 4:
Кремите за коса ги хранат и рехидрираат прамените на косата, го скротуваат разлетувањето, ја штитат косата од топлина и додаваат мека дефиниција и сјај. Овој концентриран крем што не се измива е дизајниран да ја поправи состојбата на оштетената коса заштитувајќи ја од штетните надворешни фактори.
Чекор 5:
Концентрираните масла и обезбедуваат на косата луксузен, свилен финиш додека ја поправаат оштетената структура на косата, намалувајќи го ризикот од понатамошно кршење и расцветување на врвовите и минимизирајќи го разлетувањето без да ја оптоваруваат косата.

Неколку корисни совети кои се однесуваат на сите типови коса
Редовно потстрижувајте ја косата
Ако вашата коса изгледа нездраво, тоа може да биде затоа што време е да ја потстрижите. Редовното кратење го обновува влакното и го враќа природниот сјај на косата.
Користете умерено топла, но не и жешка вода
Избегнувајте да ја миете косата со многу топла или жешка вода. Тоа само дополнително ќе ја исуши косата, а и скалпот.
Погрижете се да ги внесувате сите хранливи сосотјки преку исхраната
Дури и исхраната може да допринесе за здрав изглед на вашата коса. Консумирајте храна богата со протеини, железо, витамини А и Ц, како и омега-3 масни киселини.
Избегнувајте премногу стилизирање на косата
Не претерувајте со премногу исправување или виткање на косата, бидејќи премногу топлина може да ја исуши косата. Но, и честото врзување на косата во опавче може да доведе до оштетување на влакното. Затоа повремено оставете ја косата да „дише” и дадете и простор да се обнови.