Не сте сигурни кои состојки да ги барате во хидратантниот крем? Споделуваме неколку препораки од експерти.
Изборот на вистинскиот хидратантен крем изгледа толку лесно. Сè што ни треба е нешто што ќе ја хидрира и ќе ја направи кожата помека, така? Така некако. Но, со бројот на производи што постојат денес, бирањето на соодветна крема изгледа малку застрашувачки. За да ви биде полесно, при изборот препорачуваме да земете во предвид два важни фактори: типот на кожа и состојките кои и се потребни за соодветно хидрирање на вашиот тип кожа. Прочитајте за да дознаете кои се тие состојки.
Совети за масна кожа:
Масните типови на кожа треба да бараат хидратори на база на гел бидејќи овие формулации имаат лесна текстура и не оставаат масен финиш. Хумектантите, како што се хијалуронската киселина и глицеринот, генерално делуваат лесно на кожата додека пак обезбедуваат соодветна хидратација. Овие состојки се познати како навлажнувачи што значи дека ги привлекуваат молекулите на вода од дермисот и атмосферата, и ги задржуваат во кожата. Тоа е она што ја одржува вашата кожа добро хидрирана.
Продукт што го препорачуваме: HADA LABO WHITE LOTION NO.1-SUPER HYDRATOR


Совети за сува кожа:
Оние со сува кожа треба да бараат кремав навлажнувач. Сè што има кремава текстура, обично содржи активни состојки кои ја заштитуваат бариерата како и емолиенти што ја задржуваат влагата и ја омекнуваат кожата. Состојки кои треба да ги барате во кремите за сува кожа: уреа, олеинска киселина и ланолин.
Продукт што го препорачуваме: REVUELE DAILY MOISTURISER

Совети за нормална до комбинирана кожа:
Оние со нормална до комбинирана кожа најчесто можат да користат било каква хидратантна крема. Но сепак, треба да бираат креми кои содржат комбинација на липидни состојки и навлажнувачи. Пример за навлажнувачи се хијалуронската киселина и глицеринот, додека пример за липидни состојки се церамидите, маслото од јојоба и диметиконот.
Продукт што го препорачуваме: BIOACTIVE SKINCARE 3D HYALURON SMOOTHING DAY CREAM FLUID


Совети за чувствителна кожа:
Чувствителната кожа бара повеќе нега. Кога бирате хидратантна крема, важно е да изберете некоја со што помалку состојки, со што ќе ги намалите шансите за иритација. Оние со чувствителната кожа треба да бараат хидрантани, анти-воспалителни, како и состојки кои се нежни за кожата. Некои од тие состојки се: алое вера, соја, шеа путер, алантоин, бисаболол. Секогаш започнете со тестирање на продуктот: нанесете мала количина од производот на мал дел од внатрешноста на лактот. Ако не се појави иритација, производот е безбеден за употреба.
Продукт што го препорачуваме: ХИДРАТАНТEН КРЕМ ЗА ЛИЦЕ REVUELE HEMP ME! FACIAL CREAM

Сите производи споменати во текстот можете да ги најдете на онлајн продавницата на torba.mk
Текстот е превземен од https://theklog.co/