Станете експерти за контурирање
Кога станува збор за шминкање секој има свои омилени производи без кои не може да го замисли шминкањето. Некој сака многу руменило, некој ајлајнер, некој обожава контурирање, а некој сака да става доволно шминка, за да изгледа свежо и чисто.
Иако шминката ни овозможува да експериментираме и да бидеме креативни, сепак има некои правила кои треба да се следат. Едно од овие правила е на пример, контурирањето. Веројатно сте го направиле премногу пати, но дали знаете која е вистинската поента на контурирањето?
Во суштина, целта на контурирањето е да се истакне обликот на лицето и да се даде структура. Но, што се случува кога не знаете како да го контурирате лицето? Сè е нерамномерно. Имате неколку нијанси на боја на вашето лице, а сè изгледа неуредно. Неуспешниот контур може целосно да го промени остатокот од шминката, а вие ќе завршите со изглед што не сте го посакувале.
Што постигнувате со контурирање на лицето?
Контурирањето е техника за обликување на лицето со користење на малку потемна или посветла шминка од тонот на кожата. Контурирањето омекнува, осветлува и нагласува одредени делови од лицето. Затоа, нијансите кои ќе ги користите за контурирање мора да се разликуваат од пудрата бидејќи со контурирањето пробувате да создадете ефект на сенка и светлина.
Исто така, од суштинско значење е да знаете која е формата на вашето лице за да можете да ја прилагодите контурата на потребите. Постојат шест форми на лице: овално, квадратно, тркалезно, правоаголно, во облик на срце и во облик на дијамант.
Ако се прашувате како правилно да контурирате според обликот на лицето, тука сме да ви појасниме.

Овална форма на лице
Издолжен или овален облик на лице е оној во кој вашето чело е речиси двојно подолго отколку што е широко. Нема дефинирани точки на брадата, вилицата или линијата на косата.
Како да контурирате овално лице?
Ќе нанесете потемни бои долж линијата на косата за да го „смалите“ лицето. Исто така, ќе нанесете контур под јаболчниците почнувајќи од ушите и завршувајќи до средината на образите. Кога станува збор за хајлајтер и користење светли тонови, нанесете го производот под очите во форма на триаголник свртен наопаку.
Квадратно лице
Ако вашето лице е квадратно, има големи шанси вашата вилица и јаболчниците веќе да имаат дефиниција. Зошто? Квадратната форма на лице значи дека лицето е приближно иста должина и ширина.
Контурирајте со потемни бои околу страната на челото, слепоочниците и по должината на косата за да создадете илузија на помало чело. Исто така, нанесете го контурот под јаболчниците почнувајќи од ушите до средината на образите, како и под вилицата.
Хајлајтерот пак, нанесете го под очите во форма на триаголник свртен наопаку, како и на средината на челото и брадата.

Тркалезно лице
Тркалезната форма на лице значи дека лицето е приближно иста должина и ширина, но нема изразени делови како што се вилицата, брадата или челото. При контурирање на тркалезно лице, треба да се нанесат потемни тонови на страните на челото и слепоочниците за визуелно да се намали површината.
Продолжете под јаболчниците, од увото до средината на образот, па надолу по линијата на вилицата, за да дадете ефект на издолжено лице. Хајлајтерот ќе го нанесете слично како оние со лице во форма на квадрат, под очите во облик на превртен триаголник и во средината на челото и брадата.
Правоаголна форма на лице
Можеби не сте знаеле, но контурирањето на правоаголно и квадратно лице е во суштина исто. Ако сте доволно среќни да имате вакво лице, веројатно имате дефинирана линија на вилицата и јаготките за кои некои од нас сонуваат. Вашето лице е приближно иста должина и ширина, а линијата на косата и вилицата се приближно иста големина.
Контурирајте со нанесување потемни бои околу страната на челото и слепоочницата за да ја намалите површината и по должината на косата за да добиете помало чело. Исто така, користете го контурата под јоболчниците почнувајќи од ушите до средината на образите. На крајот, додадете контур и под вилицата за да ја намалите таа површина.
Хајлајтерот нанесете го под очите во форма на триаголник наопаку, како и на средината на челото и брадата.
Лице во форма на срце
Кај овој облик, брадата е тесна и зашилена, со изразени јаболчници кои секој би посакал да ги има. Накратко, горниот дел од лицето е поширок од долниот дел.
Започнете со контурирање од страната на челото и слепоочниците за да ја избалансирате пошироката горна половина на лицето со долната потесна половина. Нанесете контур и на долниот дел од брадата, за дополнителна дефиниција. Хајлајтер нанесете под очите во форма на превртен триаголник, како и на средината на челото и брадата за визуелно да изгледаат пошироки.

Лице во форма на дијамант
Дијамантскиот облик на лице можеби е најзабавниот за контурирање. Образите се најширокиот дел од лицето, а линијата на косата и брадата се стеснети. Овие лица често се подолги, а не пошироки.
Нанесете го контурот под јаболчниците, почнувајќи од ушите и завршувајќи до средината на образите. Внимавајте да не контурирате премногу блиску до усните бидејќи ќе го добиете спротивниот резултат од оној што го сакате. Хајлајтерот нанесете го под очите во форма на надолен триаголник притоа издолжувајќи го малку повеќе од вообичаено. Доколку сакате деловите кај брадата и челото да изгледаат пошироки, додадее хајлајтер, но внимавајте производот да не остане во средината на челото.
Кои производи да ги користите за контурирање?
При контурирање, можете да користите различни производи, како на пример, контур и хајлајтери кои имаат кремаста текстура, палети или стикови.
Која опција и да ја одберете, запомнете – блендајте до совршенство. Сунѓерите и четките специјално создадени за контурирање се тука да ви помогнат.