Ги прашавме професионалците за нега на кожа, со децениско искуство, да споделат со неколку совети и мали тајни за нега на кожата.
Прочитајте повеќе за принципите на здравата кожа со младешки изглед!
#1 Започнете одвнатре
Да, звучи клише, но е вистина. Грижата за себе и вашето здравје е еднакво важна како негата на кожата. Бидејќи што и да правите за вашата кожа локално, ако не се храните правилно и сте под постојан стрес, тоа ќе се покаже на лицето.
Затоа, грижата за себе е најважна. Спијте 7-8 часа секоја вечер, пијте вода, вежбајте, јадете зеленчук и земајте ги потребните витамини.
#2 Направете рутина и следете ја
Клучот за добра и здрава кожа е многу едноставен. А тоа е, да се создадете рутина за нега соодветна за вашиот тип на кожа.
И кога велиме рутина, не мислиме на корејските рутини за нега од 10 чекори, 22 чекори или 128 чекори. Едноставноста е клучот. Она што навистина ви е потребно е добра хигиена, многу хидратација и заштита.
Што тоа би значело за нега на кожата:
- Двојно чистење (и пилинг), особено важно во вечерните часови за да ги отстраните сите нечистотии, шминка и маснотии од лицето;
- Хидратантна крема – никогаш не сте премногу млади за да започнете. Кремот е клучен дел од секоја рутина, бидејќи кога ја одржувате кожата хидрирана, таа ќе изгледа добро, ќе остане здрава, а бариерата ќе ги извршува своите заштитни функции.
- Заштитата е последниот чекор. Важно е да ја заштитите кожата од УВ зраците. Никогаш не заборавајте да нанесете крема со фактор пред да излезете.
Откако ова ќе стане навика, тогаш можете да додадете дополнителна нега како што се серуми, есенции, хемиски пилинзи итн. Но, не ги прескокнувајте основните чекори.

#3 Изберете производи кои одговараат за вашата кожа
Фокусирајте се на главни проблеми со вашата кожата и обидете се да ги решите.
Без разлика дали станува збор за дехидратација, флеки или брчки – вие најдобро знаете каков проблем имате, каков е типот на вашата кожа, итн.
Затоа, најдобрата стратегија е да се ставите себеси и вашите потреби пред актуелните трендови и мода. Не паѓајте на она што се рекламира или на она што го препорачува одреден инфлуенсер, бидејќи не постои нешто кое функционира еднакво исто за сите.
#4 Дајте им време на производите да ја покажат својата ефективност
Сите сакаме резултати и ги сакаме веднаш. Но, на производите и состојките всушност им треба одредено време за да ја покажат својата ефективност на кожата. Можеби нема да забележите дека брчките или мозолчиња исчезнуваат следниот ден, но упорноста ќе ви се исплати.
Покрај тоа, кожата ги обновува надворешните слоеви на секои 28 дена. Добра идеја е да го користите новиот производ барем еден месец пред да одлучите дали ви одговара за вашиот тип кожа (се разбира, ако немате иритации).
Честа грешка е пребрзото менување на производи. Прво, нема да ги добиете максималните резултати од ниту еден од нив. Второ, кожата може лошо да ви реагира на овие чести експерименти, со воспаленија и мозолчиња. И на крај, може да ја направите вашата кожа пречувствителна и да ви треба долго време повторно да имате здрава кожа. Одолејте на желбата да пробате сè одеднаш, а вашата кожа ќе ви биде благодарна.

#5 Следете ги упатствата за употреба
Иако може звучи тривијално, убаво прочитајте како се користи одреден производ! Секоја кожа е различна и можна е индивидуална нетолеранција на некоја состојка во кој било од козметичките производи. Затоа, направете тест за чувствителност пред да го нанесете нов производ на вашето лице.
Исто така, користете го толку често колку што е наведено. Не претерувајте со физичките пилинзи секој ден или два пати на ден, ако на пакувањето пишува „1-2 пати неделно“. Прочитајте внимателно што треба да се остави, а што треба да се исплакне.
Во случај да имате какви било прашања, секогаш обратете се кај производителот за повеќе информации или консултирајте се со дераматолог.