Природни сапуни и нивните придобивки за кожата

Кожата е најголемиот орган на нашето тело и целокупното здравје во голема мера ни зависи од тоа како се грижиме за неа. Но, проблемот е што мнозинството луѓе не размислуваат премногу за она што го нанесуваат на кожата, за можните токсични состојки кои се содржат во производите и во фабрички произведените сапуни кои можат само да ја исушат кожата.

Еден начин да се намали изложеноста на потенцијално штетни токсини е да користите органски, природни сапуни.

Што е природен сапун?

Природните сапуни се рачно изработени и создадени од природни или органски состојки, растителни и есенцијални масла, природни масти или вода. Додека пак обичните сапуни се хемиски коктел на состојки, исполнети со сулфати, парфеми, триклосан и други токсични хемикалии. Сите овие состојки ја дехидрираат кожата, предизвикуваат алергии и иритации, а можат да ја променат и хормоналната рамнотежа. На природните сапуни им е потребно подолго време да се произведат и користат поквалитетни состојки, кои најчесто се подобри за оние со чувствителна кожа.

Важно е да пробате различни природни сапуни и да го најдете оној кој е идеален за вашиот тип кожа и потреби.

Придобивки од користење природни сапуни

Подобри и природни состојки

Најдобрата причина поради која треба да користите рачно изработен сапун се состојките.

Најчестo се направени од природни масла, органски билки и семиња, како шеа путер, какао путер, маслиново масло, кокосово масло и есенцијални масла кои ја негуваат кожата, и се совршена комбинација за чиста и хидрирана кожа!

А, бидејќи рачно изработените сапуни се произведуваат во мали количества, се посветува особено внимание на состојките.

Природните сапуни се подобри навлажнувачи

За жал, многу луѓе имаат погрешна перцепција дека сите сапуни ја сушат кожата. Но, органските сапуни содржат многу природни навлажнувачки состојки, како шеа путер, какао путер и кокосово масло. Овие состојки ја исполнуваат кожата со влажност, ја негуваат и ѝ помагаат да ги задржи во себе природните масла, оставајќи ја хидрирана, здрава и блескава!

Една од придобивките од користењето природни сапуни е глицеринот, кој природно се создава во процесот на изработка! За разлика од природните, комерцијалните сапуни се подложени на процес специјално дизајниран за отстранување на глицеринот. А глицеринот е еден од најдобрите навлажнувачи, бидејќи ја привлекува водата во кожата и ја хидрира. Бидејќи не е масен, одличен е за сите типови кожа, вклучувајќи ја и мрсната!

Cruelty free

Голема придобивка на сите природни сапуни е тоа што не се тестирани на животни ниту содржат состојки од животинско потекло. Состојките се скоро секогаш растителни и органски, иако во некои сапуни може да се најде и животинска маст како состојка.

Природни сапуни за негувана кожа

Природните сапуни помагаат за одржување на здрава кожа.

Како ја третираме кожата може да има големо влијание врз нашето целокупно здравје, како и врз нејзиниот изглед. Природните сапуни ja одржуваат pH-вредностa на кожата и ја штитат од иртации и сувост. Помагаат при разни кожни проблеми, како што се акни, егзема, па дури и изгореници од сонце. Богати се со антиоксиданси кои ги намалуваат воспаленијата, помагаат во прихранување и регенерација на кожата, минимизирајќи ги проблемите и оставајќи ја кожата помазна.

Подобри за животната средина

Природниот сапун има помало влијание врз животната средина

Бидејќи содржат само природни состојки, не ослободуваат штетни хемикалии при нивното правење, а повеќето од нив се и биоразградливи. Покрај тоа, состојките за правење сапуни се добиваат со помош на природни методи кои се безопасни за животната средина. Исто така, не се произведуваат во големи фабрики, кои сите знаеме само дополнително ја загадуваат околината.

Кога станува збор за животната средина, еден од најважните делови е пакувањето! Вообичаено, органските сапуни се продаваат во амбалажа што може да се рециклира или е направена од рециклиран материјал. А бидејќи се полесни за транспорт, имаат и помал јаглероден отпечаток.

Без конзерванси, хемикалии и штетни токсини

Една од најдобрите нешта е што природните сапуни не содржат груби хемикалии, штетни токсини, синтетички конзерванси, детергенти или вештачки парфеми.

Исто така имаат и пократок рок на траење, но тоа е со добра причина. Конзервансите што се користат во неорганските производи се најчесто штетни како за луѓето, така и за животната средина.

Ароматерапија

Наместо синтетички парфеми и мириси, природните сапуни содржат есенцијални масла кои не само што се корисни за кожата туку и мирисаат апсолутно неверојатно!

Но, придобивките од есенцијалните масла се многу повеќе од само мирисот, а нивниот хемиски состав не може да се рекреира во лабораторија. За разлика од синтетичкиот мирис во хемиските сапуни, ароматерапијата од мирисот на природните масла може да помогне во намалувањето на стресот. Покрај тоа, делува смирувачки и за кожата.

Неограничен избор

Една од најдобрите работи за природните сапуни е тоа што има речиси неограничени опции! Некои природни сапуни служат за специфични кожни проблеми, а некои се со поопшти намени. Можат да се најдат во различни форми кои можете да ги носите насекаде со себе! Се изработуваат во различни мириси, текстури, големини, боја, итн.

Причините за користење на природен сапун се огромни. Тие ги имаат сите состојки за целосно негувана и здрава кожа.

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img

Последни објави

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img

Слични содржини

- Реклама -spot_img