Вашиот колаген водич

Сè што треба да знаете за колагенот

Ако некогаш сте побарале производ за нега на кожа против стареење, повеќе од сигурно е дека сте слушнале за колаген. Колагенот е најзастапениот протеин во вашето тело. Тој е главната компонента на сврзните ткива вклучувајќи ги тетивите, лигаментите, кожата и мускулите. Затоа, нема компанија која не тврди дека нивниот [производ, суплемент, локален уред или уред за нега на кожата] ќе помогне да се зголеми производството на колаген. Докажано е дека колагенот влијае на изгледот на кожата, па затоа лесно e да се верува дека ако се создава повеќе, тоа ќе биде некој вид магичен напиток за совршена кожа.

„Колагенот е еден од најосновните структурални протеини. Дел е од сврзните ткива, крвните садови, лигаментите и коските“, вели д-р Ранела Хирш, дерматолог од Бостон. „Вклучен е во сè – ѝ ја дава структурата на вашата кожа, но помага и во процесот на згрутчувањето на крвта. Не само што е најраспространетиот протеин во целото тело, туку и сочинува 75-80% од кожата, со што помага за еластичноста и целосниот младешки изглед на кожата. Според д-р Хирш, колагенот се произведува во телото преку низа реакции. Резултат e на дигестивните ензими кои ги разградуваат протеините од исхраната во амино киселини и поради тоа игра важна улога во заздравување на сврзните ткива.

image of a girl showing areas of aging skin collagen loss

Што предизвикува губење на колагенот?

„Губењето на колаген изгледа токму онака како што изгледа стареењето: опуштена кожа, дамки и брчки“, објаснува д-р Хирш. Но, зошто колагенот се троши со текот на времето? Постојат голем број на причини.

„Колагенот го имаме во изобилие во нашата кожа, но неговото природно создавање започнува да се намалува во 20-тите и 30-тите години. Годишно нивоата на колаген се намалуваат за 1-2%. Поради тоа, структурниот интегритет на кожата почнува да се намалува и се појавуваат првите знаци на стареење на кожата“.

Распаѓањето на колагенот се случува со побрзо темпо отколку што може да се произведе. (Во менопаузата, синтезата на колаген значително се намалува. Студиите покажуваат дека кожата губи 30% од колагенот во првите пет години од менопаузата, а потоа годишно по 2%. Еколошките фактори и начинот на живот исто така влијаат врз создавањето на колаген. Најголемиот фактор е предолгото изложување на сонце, кое брзо ќе го разгради колагенот. Други фактори се пушењето, стресот, загадувањето и секако исхраната. Конзумирањето многу шеќер или јагленихидрати може да го забрза распаѓањето на колагенот и да го забави заздравувањето.

Најдобри производи за нега на кожа за стимулација на колаген

Крем за сончање:

УВ зраците го забрзуваат разградувањето на колагенот и затоа нанесување крем за сончање секој ден е апсолутно задолжително.

Пептиди:

Пептидите се кратки синџири на амино киселини кои го стимулираат создавањето на колаген и еластин. Ја подобруваат цврстината, еластичноста и текстурата на кожата.

serum bottle product close up
serum bottle product close up

Ретиноиди/Ретинол:

Семејството на деривати на витаминот А се суперхерои против стареење на кожата, за кои е докажано дека го зголемуваат производството на колаген. Но, доколку имате почувствителна кожа изберете некои од понежните алтернативи на ретинолот.

bottle with clear liquid
bottle with clear liquid

Витамин Ц:

Слично како и кремата за сончање, витаминот Ц се смета за задолжителен во рутината за нега на кожата. Ја штити кожата од слободните радикали, но студиите исто така покажуваат дека може да го промовира производството на колаген.

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img

Последни објави

- Реклама -spot_img
- Реклама -spot_img

Слични содржини

- Реклама -spot_img