Сите експерти велат дека првата и основна работа во негата на кожата е темелно отстранување на шминката. Колку и да сте уморни навечер, никогаш, ама навистина никогаш, не си легнувајте со шминка на лицето.
Но, дали знаете зошто е ова толку важно?
Здрава кожа
Доколку не ги отстраните остатоците од шминката, тоа може да биде исклучително штетно за кожата.
Кожата се регенерира додека спиеме. Тоа значи дека за да биде здрава и убава мора добро да се исчисти. Така, производите за нега кои потоа ги нанесуваме ќе навлезат длабоко во кожата и ќе бидат поефективни.
Ако не ја отстраните шминката пред да си легнете, ќе предизвикате воспаление на кожата, како и затнување на порите, што ќе доведе до појава на повеќе акни и митесери. Спиењето со шминка исто така влијае на предвремено стареење на кожата, сувост, а може и да предизвикате инфекција на очите. Никој не го сака тоа, нели?
Затоа е важно да ја отстраните шминката, а потоа да нанесете хидратантна крема која ќе и помогне на кожа правилно да функционира.
Мицеларна вода
Мицеларната вода е едно од најпознатите средства за чистење шминка. Многу луѓе ја претпочитаат затоа што нежно, но ефикасно ја отстранува и најмалата трага шминка од лицето.
Мицеларната вода Revuele Bi-Phase ги комбинира квалитетите на две состојки кои прават совршен тандем. Маслото од арган лесно ја отстранува дури и водоотпорната шминка, а мицеларната вода ја чисти секоја нечистотија.
Погоден е за сите типови кожа, дури и за најчувствителните. Ја остава кожата чиста, мека и подготвена за следниот чекор од рутината за убавина.

Мицеларен гел
Мицеларниот гел е со малку погуста текстура, а ги комбинира својствата на мицеларната вода и ефективноста на гелот. Формулата е многу лесна, а сепак длабински ја чисти кожата, правејќи ја мека и мазна.
REVUELE COLLAGEN EXPERT е мицеларен гел збогатен со колаген, кој помага да се задржи влажноста на кожата и го спречува нејзиното сушење. Уживајте во совршено исчистена кожа која е подготвена за следните чекори во вашата рутина за нега.

Двојно чистење
Дали знаете за двојно чистење на кожата? Овој тип на чистење е многу популарен и доаѓа од K-beauty рутините за нега на кожа.
Има навистина многу придобивки од овој тип на отстранување шминка. Кожата е темелно исчистена, отстранувајќи ја секоја нечистотија. Се состои од два чекори, првиот со производ на база на масло и вториот со пена или гел производ за чистење на лице.
За првиот чекор, можете да го користите маслото за чистење Revuele Apothecary. Совршено е за сите типови кожа и темелно ја отстранува шминката. Збогатено со мешавина од масло од грозје, маслиново масло, есенцијално масло од здравец и витамин Е, делува нежно и ја остава кожата чиста и хидрирана.

За вториот чекор, го препорачуваме пенливиот чистач REVUELE CLEANSING FOAM со инфузија од камилица. Оваа нежна пена ќе биде вториот чекор во двојното чистење на лицето. Екстрактот од камилица ја смирува и освежува кожата.

Дури и ако сте супер уморни, измијте го лицето пред да одите во кревет – вашата кожа дефинитивно ќе ви биде благодарна.